Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Оваа сезона Манчестер Сити не ги исполни очекувањата на своите навивачи, а истото важи и за раководството на клубот. Поразите се повеќе од редовни за тимот од „Етихад“, што ја принуди управата да размислува за радикални промени.
Според информации од англиските медиуми, раководството на Манчестер Сити донело одлука да се ослободи од дури шест редовни стартери во следните преодни рокови.
Како што пренесува „TEAMtalk“, клубот планира голема чистка, а некои од најголемите имиња во составот ќе бидат отпуштени, што навестува значајни промени во составот на тимот во блиска иднина.