Анчелоти го прашаа за регистрацијата на Олмо, а тој не можеше да молчи: Имам свое мислење…


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор што Барселона успеа да ја реши во последен момент предизвика бран на незадоволство кај другите клубови во Шпанија. На оваа тема синоќа зборуваше и Карло Анчелоти, кој индиректно даде до знаење што мисли за сето тоа.

Повеќето шпански клубови од Ла Лига се огласија и изразија незадоволство што Олмо и Виктор биле регистрирани и сметаат дека тоа не требало да се случи бидејќи Барселона не ги исполнила потребните услови.

Сепак, тие добија право на настап веќе за натпреварот против Билбао, а сигурно е дека ќе бидат во составот за финалето против Реал Мадрид кое е на програмата во недела.

„Регистрацијата на Олмо и Виктор? Имам некое мое мислење, но не сакам да го изнесувам“, порача искусниот италијански експерт.