Реал Мадрид се побуни пред финалето на Суперкупот


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Финалето на шпанскиот Суперкуп меѓу Реал Мадрид и Барселона, кое ќе се игра вечерва, доби дополнителна драма поради назначувањето на главниот судија.

Целото внимание падна на Хил Манзано, кој е предвиден да ја дели правдата на теренот. Ова предизвика несогласување и негодување кај Реал Мадрид.

Клупската телевизија на Реал Мадрид објави видео за да ја потсети јавноста на контроверзниот момент од нивниот минатогодишен меч со Валенсија на „Месталја“.

Во тој натпревар, голот на Џуд Белингам беше поништен, бидејќи Манзано сигнализираше крај на натпреварот.

Овој настан беше означен како „светски скандал“, поради што Манзано беше казнет со суспензија од само две недели.