Австралија ќе му се поклони: Ѓоковиќ добива статуа во Мелбурн (Фото)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Како што тврди весникот „Хералд Сан“ од Мелбурн, Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа на стадионот каде се одржува Австралија опен. Крeјг Тајли, директорот на првиот грен слем турнир во сезоната, ја најави оваа намера со логична причина – Ѓоковиќ е рекордер на турнирот со десет титули.

Инаку, на комплексот во Мелбурн парк, покрај Род Лејвер арената, има серија статуи со познати големи во тенисот, претежно домашни.

Секако, подвизите на Ѓоковиќ на овој турнир го надминуваат националниот контекст, па е сосема логично да биде почитуван на овој начин.

.