Евeртон разочара во ФА Купот, Борнмут се пласира во осминафинале


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тимот на Борнмут забележа одлична победа на гостувањето кај Евертон, победувајќи со 2-0 и осигурајќи си го пласманот во осминафинале во ФА Купот.

Во 23. минута, Семењо постигна погодок од пенал кој го однесе Бормут во водство, совладувајќи го голманот Џордан Пикфорд. По ова, Бормут продолжи со нападите и пред крајот на првото полувреме, успеа да постигне и втор гол.

Во второто полувреме, тренерот на „Карамелите“ направи некои тактички измени, кои донесоа подобар настап од домаќините во последните 20 минути. Сепак, и покрај поактивната офанзива, Евертон не успеа да го совлада Кепа Аризабалага.