Пандев: Серија А е подобро место за Елмас од Бундеслигата


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Горан Пандев, поранешен македонски фудбалер, во разговор за „Радио Лацијале“ го прокоментира враќањето на Елиф Елмас во Серија А.

Лајпциг го купи Елмас од Наполи за 25 милиони евра, но не успеа да се докаже во Бундеслигата и поради тоа се врати во Серија А како позајмен играч на Торино.

„Враќањето на Елмас во Торино? Тој направи добро што се врати во Италија, мислам дека повеќе му одговара Серија А отколку Бундеслигата“, кажа Пандев.