На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Актуелниот шампион во ПМФЛ, Струга Трим остана без тренер откако денес оставка поднесе Ќатип Османи.
Османи во Струга дојде минатата година, а одлучи да го напушти кормилото по поразот од Вардар од 0-2.
„Благодарност до Османи за се што направи во текот на нашата соработка и му посакуваме среќа во иднина“, објави Струга.
На клупата на Струга Османи беше 26 натпревари во кои забележа 12 победи, а отказот доаѓа по лошите резултати во пролетниот дел од сезоната.