Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер, потврди дека по паузата од шест години, повторно ќе заигра на Мастерсот во Мајами, што беше потврдено со официјалната листа на учесници.
Ѓоковиќ, пред Мајами, ќе учествува на престижниот турнир во Индијан Велс, закажан од 5 до 16 март. Потоа, од 18 до 30 март, ќе се натпреварува и на терените во Мајами, каде досега има освојувано шест титули.
На овој турнир, 24-кратниот гренд-слем шампион последен пат настапил во 2019 година. Неговото враќање во Мајами со нетрпение го очекуваат љубителите на тенисот, бидејќи има богата традиција на успеси таму.