Познат тенисер и милијардер ја обвини Серена Вилијамс дека се допингувала 20 години


Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Поранешниот романски тенисер, а сега бизнисмен, Јон Циријак честопати дава критики на сметка на поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс.

Романецот овој пат во разговор за „gsp.ro“ даде сериозни обвинувања на сметка на Вилијамс.

Во контекст на приказната за допинг скандали во светот на тенисот, тој раскажа како Американката наводно се повикувала на „терапевтски исклучоци“, за да може да користи забранети супстанции, кои ѝ даваа предност на теренот.

„Постои лек, ако ми дозволите, да ви го кажам името, за кој мојот син беше многу информиран. Изгледа дека Серена добила 20 години исклучок од црната листа. Не можам да обвинам, ниту сакам да го направам тоа. Само требаше да му каже на својот семеен лекар да напише како ѝ е потребен Риталин. Тој лек го користат луѓе кои имаат проблеми со нарушување на вниманието. Риталин е направен за воени пилоти“, рече Циријак.