Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше на најновата АТП листа и тоа за две позиции, иако беше елиминиран во второто коло на Индијан Велс.
Турнирот кој му припадна на Џејк Дрејпер, Новак го заврши веднаш на почетокот со пораз од Ботик ван де Зандшулп. Загуби само 40 бодови поради поразот во третото коло минатата сезона од Лука Нарди, но најмногу затоа што лошо одиграа Даниил Медведев, Андреј Рубљов…
Така на новообјавената АТП листа Новак го зазема петтото место со 3.860 бодови. Има пет бодови повеќе од Каспер Руд и 60 повеќе од освојувачот на овосезонското издание на Индијан Велс, Џејк Дрејпер, кој скокна за дури седум позиции.
Новак е оддалечен само 40 бодови од четвртопласираниот Тејлор Фриц, а потоа следат Карлос Алкараз, Алекс Зверев и неприкосновениот Јаник Синер со 11.330 бодови на првото место.
Ѓоковиќ би требало, доколку не дојде до промена, да учествува на мастерсот во Монте Карло од 6 до 13 април.