Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бугарските навивачи на вчерашниот натпревар од Лигата на нации помеѓу Бугарија и Република Ирска испратија емотивна порака на солидарност и сочувство за жртвите од трагичниот пожар во Кочани.
Дуелот се одржа во Пловдив, а особено се истакнаа навивачите на Локомотив Пловдив на трибините, кои пристигнаа за да ја бодрат бугарската репрезентација. Тие развија транспарент на кој пишуваше: „Бугарија тагува со вас“, изразувајќи поддршка и сочувство за македонскиот народ во овие тешки моменти.