Навивач го погоди Ѓоковиќ во глава во Мајами (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ доживеа непријатна ситуација во Мајами, но без посериозни последици.

Сето тоа се случи на тренинг пред мечот со Ринки Хиџиката, во моментот кога Новак делеше автограми на навивачите.

Тогаш, на еден од навивачите му испадна голема тениска топка, и падна право на главата на Новак.

Ѓоковиќ само ја помести главата, погледна во правец на навивачот на кој му испадна топката, и потоа се сврте и замина кон клупата.