Официјално: Модриќ најдобар играч за врска во Примера


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Хрватскиот фудбалер го доби ласкавото признание, после четири години поминати на Бернабе.

    Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч за врска во најквалитетното фудбалско натпреварување во Шпанија за минатата сезона.

    Клучот на играта на Реал, запиша во минатата сезона, каде што Реал стигна на врвот на Европа, два гола и четири асистенции, но покрај тие статистички параметри беше „лепак што одржуваше се“ во редовите на кралскиот клуб.

    Одличен податок поврзан за него во претходната сезона е и дека во 200 наврати украде топка од протинички посед, што е уште еден доказ за неговата разновидност во средниот ред.

    Модриќ се наоѓа и на списокот од 30 имиња номинирари за Златната топка, повеќе за тоа ТУКА.