Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Александер Исак е еден од најдобрите напаѓачи во англиската Премиер лига веќе години наназад, а изгледа дека ова лето конечно би можел да ја смени средината.
Во последните неколку преодни рокови се спомнуваше потенцијален трансфер на Александер Исак во неколку клубови.
Сепак, до тоа не дојде, иако и во јануари оваа година имаше многу шпекулации. Според пишувањето на медиумите, сега изгледа дека летото 2025 година ќе донесе конечна промена во неговата кариера.
Пред неколку дена, францускиот „РМЦ Спорт“ објави дека Париз Сен Жермен подготви неверојатна понуда за Њукасл со цел да ги „натераат“ да се откажат од Исак.
Покрај „Светците“, за Исак се заинтересирани и клубови од англиската Премиер лига, поточно Ливерпул, кој е подготвен да руши рекорди на трансфер политика за да го доведат 25-годишниот напаѓач.