„Бомба“ од Мајами: Еве каде Меси ја продолжува кариерата – причината е милијарда долари


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Лионел Меси, првата ѕвезда на МЛС лигата и според многумина еден од најдобрите играчи во историјата, кариерата ќе ја продолжи во дресот на Интер од Мајами.

Како што пренесе порталот Атлетик, Меси наводно договорил продолжување на соработката со тимот од Флорида.

Легендарниот Аргентинец, кој има 37 години, така ќе остане во клубот и по истекот на актуелниот договор, според кој е врзан за Интер до летото 2025 година.

Не е познато колку долго Меси ќе продолжи да игра за овој тим, но позадината на одлуката е јасна.

Имено, екипата која е во сопственост на Дејвид Бекам, во 2026 година ќе се пресели на нов стадион чија вредност е над милијарда долари, а поранешниот капитен на англиската репрезентација сака Меси да биде предводник на тимот кој ќе започне нова ера на тамошниот фудбал.

Фото: Интер Мајами/ФБ