Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата предводена од Жоан Лапорта одлучи да му понуди на Германецот нов, подобрен договор до летото 2027 година.
Досегашниот договор на Флик истекуваше во наредното лето, во јуни 2026 година, но се е договорено за сигурно останување до 2027. Исто така, Барса му нудеше на Флик и подолг договор, но тој порача дека сака да оди сезона по сезона и дека ќе преговара повторно по следната сезона.
Интересно е дека Флик истовремено побара од клубот да ги обнови договорите со некои од клучните играчи, а тоа се – Жил Кунде, Франки де Јонг, Ерик Гарсија и Рафиња. Сите споменати направија значаен чекор напред во кариерата под водството на Флик и и тие сакаат да останат во Барселона.
Најголем знак прашање е над Де Јонг, затоа што има договор до 2026 година, а досега одбиваше да преговара. Ерик Гарсија исто така има до следното лето, но и тој сега сака да остане, исто како и Кунде и Рафиња кои имаат договори до 2027.
Што се однесува до засилувањата, Флик даде зелено светло за пристигнувањето на Нико Вилијамс, чии клаузула е поставена на 60 милиони евра, но проблем е што му Арсенал нуди огромна плата за преселба во Лондон. Освен крилниот напаѓач, Флик сака да ја засили конкуренцијата на Жил Кунде, па не се очекува бурно лето, затоа што останатите позиции се доволно покриени.
Фото: Barcelona FC/FB