Грчевски ги избра ракометарките за натпреварот со Полска (Фото)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе има тешката задача во Битола да го анулира заостанувањето од четири голови против селекцијата на Полска, во рамки на реваншот од квалификациите. Првиот натпревар, одигран на гостински терен, заврши со резултат 22-18 во корист на Полска.

Селекторот Кристијан Грчевски направи една измена во составот пред клучната средба. Поради повреда на Ивана Арсениевска, тимот ќе добие ново засилување во име на Емилијана Ризоска.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска ќе се игра денеска од 19.00 часот.

Фото: РФМ