Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Поразот на Реал кај Арсенал (3:0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига на шампионите остави голема трага во соблекувалната на актуелниот шампион на Шпанија и Европа.
Еду Агире, новинар и инсајдер на Реал, вели дека во петок на тренингот на Реал дошло до судир меѓу Џуд Белингам и Антонио Рудигер.
Новинарот додаде дека дури и ваквите судири се вообичаени во многу тимови, но дека овде е важен тајмингот и контекстот, пред клучните натпревари на Ла Лига и Лига на шампионите, особено што се однесува до реваншот против Арсенал во среда. „Судирот е многу добро решен. Ми кажаа дека подоцна се ракувале, но тоа доволно покажува дека владее напнатост меѓу играчите на Реал“, додаде Агире.
🚨🚨 EXCLUSIVA @EduAguirre7 🚨🚨
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 13, 2025
🤬 “El viernes hubo un PIQUE en el entrenamiento entre RUDIGER y BELLINGHAM” 🤬
🤝 “Se terminaron dando la mano”. pic.twitter.com/xZCGQrptIE
Фото: Реал Мадрид/ФБ
.