Наполи пронајде замена за Милик?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Екипата на Наполи се најде во големи проблеми после што им се повреди првиот избор во нападот Аркадиуш Милик.

    Милик надвор од теренот ќе биде неколку месеци поради повреда на лигаментите на коленото, а во Наполи веќе на големо бараат нова замена.

    Се чини дека и најдоа во напаѓачот Одион Игало кој во јанаури може да го засили овој клуб од Серија А.

    Да потсетиме дека Игало во минатото лето имаше неколку понуди од Кина, но со оглед дека ги одби тие понуди, докажа дека парите не му се пресудни во животот.

    Ќе видиме дали на крајот ќе се одлучи за Наполи.