Француски коментатор: Новак навистина се налути кога го нареков Хрват


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Познатиот коментатор од Франција се присети на еден гаф од пред речиси 20 години.

Марк Мори, француски коментатор и водител, познат по оригиналните вклучувања од Ролан Гарос, се сети на една анегдота со Новак Ѓоковиќ, од почетокот на кариерата на српскиот тенисер.

„Работев на турнирот во Марсеј во 2007 година и Новак требаше да игра свој натпревар од првото коло. Не се сеќавам на причината, но по грешка го најавив како хрватски тенисер наместо српски“, рече Марк Мори и продолжи:

„Не беше среќен и веднаш се поправив. Беше понеделник, немаше многу луѓе на трибините и мојата грешка не предизвика контроверзија, ниту пак привлече големо медиумско внимание. Неговиот татко не беше таму, но чичко му ми одржа добра лекција. Потоа отидов кај Ноле со шише шампањ и брзо го поправивме недоразбирањето. Дури ми се и заблагодари за убавиот подарок.

Фото: Grok AI