Откриени се сите детали од трансферот на Погба во Јунајтед


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пол Погба во ова лето го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот кога од Јувентус премина во Манчестер Јунајтед за оштета од 105 милиони евра.

    На денешната седница на акционерите на Јувентус, генералниот директор Џузепе Марота го поднесе финансискиот извештај за минатиот период, а посебно интересен дел се однесува на Пол Погба.

    Како што Марота наведе, Погба пред чтири години во Јувентус стигна за отприлика 1.5 милиони евра, а во ова лето е продаден за 105 милиони + 5 милиони бонуси, колку што на Јувентус ќе припаднат ако Французинот направи следен трансфер вреден најмалку 50 милиони евра.

    На Јувентус од продажбата на Погба ќе припаднат 96 милиони евра, но Марота истакна дека вистинскиот профит е 72 милиони евра.

    Од трансферот на Погба во Манчестер Јунајтед се обогати и неговиот агент Мино Раиола, на кого му припаднаа дури 27 милиони евра.