Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, совладувајќи го тимот на Лион во натпревар исполнет со пресврти и неизвесност. Покрај возбуда на теренот, инцидентот со дефанзивецот Нусаир Мазрауи ја привлече вниманието на медиумите.
Според британскиот „Би-Би-Си“, Мазрауи дознал за итна семејна ситуација непосредно пред почетокот на второто полувреме. Веднаш го известил стручниот штаб и побарал замена, а потоа го напуштил стадионот.
Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, бил изненаден од случката, но по разговорот со играчот во соблекувалната, целосно го поддржал неговиот избор.
Фото: Manchester United/FB