До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кристијано Роналдо после натпреварот Реал Мадрид и Атлетик Билбао (2:1) повторно се најде на удар на критичарите кои на Португалецот му замеруваат поради лошиот учинок во новата сезона.
Роналдо во осум натпревари постигна само четири гола, а во четири последни дуели на Сантијаго Бернабе не се запиша во стрелците.
Ситуацијата дополнително ја “подгреа“ и потегот на Роналдо после победоносниот гол на Мoрaта, кога ја подигна раката и погледна кон судијата.
Многумина пренесоа вест дека Роналдо барал офсајд позиција, но на крајот сепак се испостави дека тоа е само една од неговите навики.
Во моментите кога многумина се против Португалецот, неколку соиграчи застанаа во негова заштита:
„Роналдо доста работи на тоа да постигнува голови, но важно е дека тимот е на врвот. Тој секогаш е среќен поради тоа“, рече Герет Бејл, додека Марсело додаде:
„Роналдо многу ни помага на теренот, како со головите така и својот голем труд“.
За Роналдо зборуваше и Алваро Мората, а неговиот коментар беше најинтересен.
„Роналдо е важен играч за нашата екипа и моментално можеби е во мала криза, но ќе излезе од неа. Не е тој машина, веќе обичен човек кој има право да промаши. Тој постигнува по 70 или повеќе голови за сезона и нормално дека луѓето од него да очекуваат да постигнува гол од секоја позиција, но не е така баш така едноставно“.















