Навивачите на Интер во страв и паника по објавата на Ламине Јамал


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Интер по 20 минути игра имаше предност од 2:0 откако Маркус Турам и Денцел Дамфрис постигнаа голови.

Малкумина тогаш веруваа дека Барселона може да се врати против тим од Италија како што е Интер, кој игра многу добро во одбрана.

Јамал постигна гол за 2:1 во 24. минута, а Торес со гол во 38. минута го изедначи резултатот за Барселона.

Дамфрис во 64. минута ја врати предноста на страната на Интер по асистенција од Чалханоглу, но славјето на гостите не траеше долго.

Имено, Барселона во следниот напад стигна до ново изедначување, а автоголот му беше припишан на Зомер.

Објавата на Јамал на Инстаграм привлече огромно внимание од навивачите на Интер, но и на Барселона.

Во Италија се во страв поради сè, додека во Барселона го слават Јамал.

Тој ја смени својата профилна фотографија во Супер Саијан, јунак од Dragon Ball Z кој дава максимална сила и брзина.