Македонија со триумф против Литванија сака да се пласира на ЕП 2026

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ќе го одигра решавачкиот натпревар за Европското првенство во арената „Јане Сандански“ во Скопје, денеска во 18:00 часот.

Литванија е ривалот, а задачата е јасна – со победа од најмалку два гола разлика, Македонија ќе избори директен пласман на првенството како второ пласирана во групата.

Иако селекторот Кире Лазаров имаше некои потешкотии во составување на тимот, моралот во таборот е висок, обединет со заедничка желба за успех.

Добро свесни за важноста на средбата, нашите ракометари решително се подготвени да ја искористат поддршката од публиката во салата во Аеродром и да се дадат над себе.

Првата средба меѓу овие репрезентации заврши со тесен пораз за Македонија (29-27) во корист на Литванија.

Фото: Ракометна Федерација на Македонија