Галакси загуби со 0-7, па тренерот направи нешто невидено на играчите (Фото)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси го претрпеа еден од најтешките порази во својата историја, бидејќи беа понижени во Њујорк од Ред Булс со цели 7:0, а она што го направи тренерот на гостинскиот тим веднаш по завршувањето на натпреварот е невидено.

ЛА Галакси обично се меѓу главните кандидати за освојување на титулата во МЛС лигата, но оваа сезона овој тим игра под сите очекувања.

Во досегашните 12 одиграни кола во МЛС, Галакси е сè уште без победа и закован е на дното на табелата во Западната конференција со само три освоени бодови.

Меѓутоа, капката што ја прели чашата беше синоќешниот срам на ЛА Галакси на гостувањето кај Њујорк Ред Булс каде играчите на овој тим го претрпеа еден од најголемите срамови во историјата на клубот.

Тренерот на ЛА Галакси, Грег Вани, не дозволи никој од својата екипа да се повлече во соблекувалната, иако многу играчи тоа сакаа да го направат што порано. Тој им кажа да останат на теренот и пред сите им одржа лекција.

Говорот на тренерот на Галакси траеше доста долго, додека останатите играчи го гледаа и слушаа и се гледаше дека што побргу сакаат да се повлечат од теренот во соблекувалната.

Фото: Принтскрин