Паднатиот германски гиганти се врати во Бундеслигата


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Еден од најголемите германски клубови, освојувач на Купот на шампионите од 1983 година и постојан член на Бундеслигата до 2018 година, Хамбургер се врати таму каде што припаѓа.

Фудбалерите на Хамбургер во претпоследното коло на Втора лига го победија Улм со убедливи 6:1 и изборија враќање во Бундеслигата.

Шесткратниот шампион на Германија помина низ многу тешкотии пред да се врати меѓу најдобрите, а радост на целиот град донесе младиот и до доаѓањето во ХСФ во текот на сезоната неафирмиран тренер Мерлин Полцин, кој има само 34 години и требаше привремено да биде решение на клупата на европскиот шампион.

Фото: Принтскрин