Почнува 71-та сезона во НБА: Се што треба да знаете за најсилното натпреварување


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во ноќта вторник кон среда започнува 71-та сезона во НБА.

    Час и пол по полноќ Кливленд и Њу Јорк ја отвораат новата сезона во НБА, која со нетрпение се чекаше и треба да понуди големи возбудувања.

    Во прилог на тоа оди фактот дека се случија многу измени во тимот.

    Оваа сезона фаворитите се исти како и минатата, па постои прашањето дали на западот некој може да го спречи Голден Стејт кој е многу посилен од минатата сезона.

    Два пати по ред играа Голден Стејт и Кливленд, а доколку оваа сезона се повтори, тоа ќе биде прв пат во историјата.

    Голден Стејт се засилија со Дурант и ни претстои да видиме кој е одговорот на остатокот на лигата. Дури популарниот Дурант изјави дека е многу посреќен во новиот клуб отколку во Оклахома поради тоа што конечно во тимот нема себични играчи. Така фрли дамка на Расел и екипата која ја остави на немилост. Кари и Томпсон се можеби сеуште тука, а можеби и најголемо засилување за тимот е тоа што во претходните сезони срушија рекорди, па го тргнаа притисокот од себе.

    ЛеБрон сака нов шампионски прстен со Кливленд. Заминаа Мозгов и Делаведов, но остана Смит, па се очекува многу и од Лав кој пред себе има сезона во која мора да игра најдобро досега.

    Кливленд го донесе Мајк Данлив кој би требало да има голема минутажа и да го води тимот кога на ѕвездите не им оди. Уште некои измени се случија, но во глобала тимот е истиот од минатата година.

    Сезоната зад нас ја одбележа и заминувањето на 3 живи легенди. Брајант, Данкан и Гарнет не се повеќе членови на лигата, а нивните клубови почнуваат нова ера и живот каков што веќе забораивле, со оглед на тоа што направија овие играчи во спортот.

    Лејкерс најмногу очекува од Расел кој вети дека ќе биде посериосен во текот на подготовките за сезоната.

    Од друга страна, Бостон направи добри трансфери во летото и има тим за кој може да кажеме дека е фаворит „од сенка“.

    Важно поместување имаше и во Њу Јорк кои од оваа сезона ќе ги предводи Роуз. Не е тој стариот добар Роуз од пред 5 или 6 сезони, но секако дека може со помош на Кармело и екипата да направат нешто посериозно.

    Мајами остана без Вејд кој веќе 13 години беше ви тимот и беше лидер на генерацијата која освои 3 титули. Таму важна улога сега ќе играат Вајтсајд и Вилијамс.