Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Токму кога требаше да го прекине „проклетството“ на националниот стадион и да постигне гол на Вембли, Ерлинг Халанд ги изненади сите – ја предаде топката на Омар Мармуш.
Египќанецот не беше достоен на предизвикот, голманот на Кристал Палас ја доби битката на нерви, се фрли во вистинската страна и го задржа „минималецот“ кој претходно го донесе Езе.
Хендерсон и дружината го внесоа првиот трофеј во историјата на клубот. Во изминатите години, Сити освои многу, но оваа година беше сува за Пеп Гвардиола – ја заврши без ниту еден трофеј.
Сега многумина ќе ја бараат одговорноста во Ерлинг Халанд, голгетерот кој очигледно не е предодреден за најголемите натпревари. За тоа сведочи податокот дека не постигнал ниту еден гол во осум финалиња (сите натпреварувања) за Сити откако е во клубот (2022).
Исто така, ни во шестиот натпревар на Вембли не се запиша во стрелци. Очигледно, тој низ го прогонува, внесува немир, затоа и ја предаде топката на Мармуш за да го изведе пеналот. А сите очекуваа тоа сепак да го направи Норвежанецот, и самиот Гвардиола.
„Мислев дека Халанд сака да изведе пенал, но не разговарале. Моментот кога доаѓа до пенал, тоа е чувството, како се чувствува некој. Одлучија дека Омар е подготвен да го изведе“, рече Пеп.
Фото: Grok AI