Калчолигаш му понудил договор на Антони, но негов фокус е Бетис


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанскиот клуб Комо, кој ова лето се истакнува со амбициозни потези на трансфер-пазарот по пробивањето во Серија А, се обидел да го доведе во своите редови бразилскиот офанзивец Антони, информира познатиот новинар Фабрицио Романо. Сепак, Антони ја претпочита можноста за враќање во Реал Бетис, каде што претходно играше и се чувствуваше удобно.

Играчот на Манчестер Јунајтед е свесен за интересот од Комо, но според достапните информации, неговата намера е повторно да го облече дресот на шпанскиот клуб. Исто така, англискиот гигант Јунајтед е информиран за желбата на Антони, но досега нема официјален договор помеѓу Бетис и Јунајтед.

Антони, кој пристигна во Јунајтед од Ајакс како едно од најскапите засилувања, не ги исполни целосно очекувањата на „Олд Трафорд“ и затоа се почесто се зборува за негово заминување.

Фото: Принтскрин