До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал го продолжи договорот со првотимецот на тој клуб.
Лукас Васкез го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Денеска договорот е потпишан во просториите на овој клуб, а Васкез се обврза на должност кон клубот се до 2021 година.
Овој фантастичен играч за врска се врати во клубот после позајмицата која ја имаше во Еспањол каде што одигра фантастично, а сега кај Зинедин Зидан доби доста простор за понатамошен напредок, што се покажа како полн погодок.
Инаку, 25-годишниот Васкез стана и дел од репрезентацијата на Шпанија.
Во оваа сезона одигра 11 мечеви за Мадриѓаните.















