Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Каталонскиот фудбалски гигант Барселона реши на симболичен и историски начин да го одбележи 18. роденден на својот бисер – Ламин Јамал.
Младиот фудбалски ас, кој веќе е меѓу најсјајните ѕвезди на европскиот фудбал, од следната сезона ќе го носи легендарниот дрес со број 10.
Овој потег не е само чест за Јамал, туку и порака од клубот – иднината на Барселона е во неговите нозе. Дресот со број 10 низ историјата го носеа фудбалски гиганти, но најголемата тежина ѝ ја даде Лионел Меси, кој остави неизбришлива трага во клубот и светскиот фудбал.
Фото: Принтскрин
.