Конте пронајде замена за Фабрегас?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ценетиот портал Bleacherreport, повикувајќи се на италијанските медиуми, пренесуваат дека во редовите на Челси сериозно размислуваат за доведување на двоецот од репрезентацијата на Хрватска – Марсело Брозовиќ од Интер и Милан Бадељ од Фиорентина.

    Бадељ наводно е прв избор на менаџерот на Челси, Антонио Конте, кој ќе пробаат да го доведат веќе во зимскиот преоден рок.

    За хрватскиот играч за врска порано интересд покажаа Милан и Рома, а Бадељ наводно е спремен да заминување од Виолетовите, дури и на позајмица, со опција за купување.

    Токму тој, наведува споменатиот портал, може да го замени Сеск Фабрегас, кој е блиску до заминување.

    Шпанецот е на мета на Манчестер Сити, но и Милан.

     

    https://www.youtube.com/watch?v=-xn-YoQI6HM

    На Бадељ лесно може да се придружи и Брозовиќ, кој порано беше на мента на Сините.

    Марсело е на излезните врати на Нероаѕурите и само чудо може да го спаси од заминување.

    Навоно за неговите услуги заинтересиран е Тотенхем, а Интер може да го пушти во случај на понуда од 18 милиони фунти.