Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Барселона ја заврши сезоната во која освои три трофеи. Под водство на Ханси Флик, тимот најпрво го освои шпанскиот Суперкуп, потоа Купот на кралот, а на крајот и титулата првак на Шпанија. Станува збор за многу успешна прва сезона за германскиот тренер кој има поддршка од управата на клубот и од навивачите.
Подготовките за новата сезона веќе се во тек, а во Барселона се очекуваат многу кадровски интервенции. Клубот веќе доведе нов голман, Жоан Гарсија, кој пристигна од Еспањол. На пат кон Барселона е и шведскиот 19-годишен офанзивец Руни Баргџи, а неговото трансфер треба да биде официјално потврдено овие денови.
Долго се шпекулираше дека клубот ќе го ангажира Нико Вилијамс (23) како трајно решение за позицијата лев крилен напаѓач. Сепак, до тоа не дојде бидејќи Вилијамс потпиша нов десетгодишен договор со Атлетик Билбао. Барселона сега разгледува други опции за таа позиција, а меѓу имињата што најчесто се споменуваат се наоѓа и играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд (27).