Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Данило Петручи ја заврши трката во Австралија на 9-то место, зад колегата Рединг.
Таа вест не би била важна кога не би се знаело дека тој што ќе биде подобар од нив 2-ца ќе вози и наредната година.
Петручи сега има 6 поени помалку од Рединг, а во Австралија големи проблеми му направи Милер.
„Дури и кога го преминав, сопираше доцна и доцнеше и за малку 2-та не паднавме. Мислам дека таквото однесување треба да се казнат. Имав проблеми и претходно со него, мислев дека ќе се смириме кога ќе победи, но очигледно не.“
Италијанецот најверојатно е дополнително лут затоа што во текот на сезоната беше казнет поради опасно возњење кога од патеката го исфрли Лаверти.