Интер му нуди на Меси уникатен договор


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Интер Мајами преговара со Лионел Меси околу продолжувањето на договорот.

Ако не настапат некакви непредвидени околности, Лео Меси ќе остане во Мајами. Се зборуваше за негово можеби заминување за подобра подготовка за Светското првенство 2026 кое ќе се игра во Канада, Мексико и САД и би била лоша реклама за Американците доколку Лео одлучи да замине кога во крајот на годината ќе му истече договорот.

Се пишуваше дека сака да игра во посилна лига, но Интер прави сè за да го задржи, па така на неговата желба го донесоа и Родриго де Пол од Атлетико Мадрид. Да не зборуваме за претходните барања.

Покрај тоа, разгледуваат договор на најмалку три години, па дури и подолго, ако тоа Лео го сака. Ќе се обидат да постигнат договор според кој Аргентинецот самиот ќе може да одбере кога сака да стави точка на својата кариера и тоа да нема врска со било кој временски период. 

Потаму, Меси би се насочил повеќе кон учество во раководењето на Интер Мајами каде што има и акции, но не би било изненадување ако се посвети и на некои операции во Барселона.

Фото: Принтскрин