Мајами се пласира во четвртфиналето на Лига Купот благодарение на Суарез (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако Интер Мајами извојува важна победа над мексиканскиот тим УНАМ на домашен терен со резултат 3-1, обезбеди пласман во нокаут фазата на КОНКАКАФ Лига Купот. Со оваа победа, клубот од Флорида заслужено го освои второто место во групата со тимови од САД и Мексико, и сега го очекува својот противник во четвртфиналната фаза.

Отсуството на главната ѕвезда Лионел Меси, кој поради повреда ќе биде отсутен околу три недели, не го намали значењето на победата.

Во овој натпревар, водењето на тимот го презеде искусниот уругвајски напаѓач Луис Суарез. Тој одигра пресудна улога со постигнување на гол и со асистенции за уште два гола, што беше клучно за успехот на тимот.

Фото: Принтскрин