Баерн руши рекорд поради „Ѓавол“?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Медиумите пишуваат дека Баерн е подготвен да направи нов клупски рекорд. Мета е репрезентативец на Белгија.

    Најголемиот германски клуб во свои редови го сака Лукаку и според медиумите тие тргнале во акција.

    Баерн е подготвен да плати дури 65 милиони фунти за него, а тоа би бил рекорд за трансфери на гигантот од Минхен.

    Лукаку најверојатно ја игра последната сезона во Евертон и амбиција му е кариерата да ја продолжи во тим кој игра во ЛШ и кој се бори за трофеи.

    Баерн Минхен е токму тимот кој го бара.

    Доаѓањето на Лукаку директно би се поврзало со желбата на Левандовски да се пресели надвор од Германија.