Не му требаше многу: Милер постигна убав гол на дебито за новиот клуб, но беше поништен


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот германски фудбалер Томас Милер минатата вечер го имаше своето деби за новиот тим Ванкувер Вајткапс, каде пристигна ова лето.

Милер го напушти Баерн Минхен по 25 години, клубот во кој стана светска фудбалска икона, и сега за првпат настапува за друг тим.

Беше необично да се види Милер во дрес со боја бело-сина, кој ќе го носи до крајот на годината, но постои можност договорот да му биде продолжен за уште една година.

Инаку, Ванкувер на синоќешниот натпревар играше нерешено 1:1 со Хјустон Динамо, а Милер одигра солидна партија откако влезе во игра во 61-та минута. Иако постигна еден гол, тој беше поништен поради офсајд.

Милер е дел од баварскиот гигант од својата десетта година и прерасна во вистинска икона на германскиот фудбал играјќи за Баерн.

Вкупно има одиграно 743 натпревари за Баерн, што е повеќе од кој било друг играч во историјата на клубот. На меѓународната сцена, Милер беше дел од германската репрезентација која го освои Светското првенство во 2014 година.

Ванкувер моментално е на третата позиција на табелата во Западната конференција на американската MLS лига со 46 бода од 26 натпревари.