Легендарниот капитен на Милан ја спушта “топката на земја“: Сеуште не сме ни блиску до Рома и Јувентус


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Милан врзаа неколку фантастични партии а се кулминираше со победа над Јувентус во саботата на Сан Сиро со резултат 1:0.

    Преголема еуфорија, а тогаш и тешкиот распоред резултираше со тежок пораз во Џенова синоќа со резултат 3:0, а после мечот разочарани се фановите на Росонерите.

    Еден од поранешните фудбалери кои се баш разочарани беше и Масимо Амброзини, капитен на клубот од златната генерација на Милан која ги освои сите светски трофеи.

    „Милан нема квалитет да освојува титули и да се натпреварува со Јувентус и Рома. Со овој тим и структурата на клубот може да има подобра сезона од претходната, но за останатото е потребно време. Сеуште не е на нивото ни на Наполи, но може да се бори и за место во Европа. Начинот на кој играат зборува дека постои шанса да се пласираат во Лигата на шампионите и би било нефер ако луѓето бараат повеќе од тоа“, рече Амброзини за Скај Италија.