Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, доби дополнителна казна од три натпревари суспензија во МЛС лигата поради инцидентот по финалето на Лига купот против Сиетл, одиграно на 31 август. Уругваецот, по поразот на неговиот тим (3:0), влезе во расправа на теренот, а потоа плукна член на стручниот штаб на противникот.
Поради ова, Суарез ќе ги пропушти лигашките натпревари против Шарлот (13 септември), Сиетл (16 септември) и ДЦ Јунајтед (20 септември).
Да потсетиме, претходно Дисциплинската комисија на Лига купот го суспендираше Суарез на шест натпревари во идните изданија на тоа натпреварување.
Фудбалерот брзо се изјасни на социјалните мрежи и упати јавно извинување:
„Тоа беше момент на голема фрустрација и напнатост веднаш по завршувањето на натпреварот. Тоа не ја оправдува мојата реакција. Направив грешка и искрено се извинувам. Тоа не е сликата што сакам да ја оставам пред мојата фамилија и клубот.“
Интер исто така се изјасни, осудувајќи го однесувањето на своите играчи по финалето.