Ѓорческа ја продолжи успешната приказна во Букурешт, влегувајќи во полуфиналето

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да има успешен настап на турнирот во романската престолнина. Осигури полуфинале со победа против Лаура Хиетаранта од Финска, завршувајќи го натпреварот со резултат 2-0 во сетови.

На почетокот на натпреварот, Ѓорческа демонстрираше супериорност. Таа брзо го освои првиот сет, правејќи три брејка и завршувајќи го со 6-3. Македоницката тенисерка успеа да наметне контрола над играта.

Вториот сет започна со предност за Хиетаранта, која поведе со 2-0. Сепак, Ѓорческа одговори со серија од три освоени гема, комплетирајќи пресврт и поведувајќи со 3-2. Таа продолжи со својата доминантна и прецизна игра и без изненадувања го освои сетот со ист резултат од 6-3.