Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Европската турнеја на Престон Лајонс е официјализирана и ќе започне од понеделник.
На 15-ти септември, тимот ќе патува од Мелбурн во Македонија каде што ќе се подготвува за новата натпреварувачка сезона во австралиското првенство. Освен спортските активности, клубот планира играчите да учествуваат во хуманитарни иницијативи како што се распределба на помош во Кочани и акции за поддршка на локалните заедници.
Престон Лајонс изрази благодарност до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, за нивната клучна улога во реализацијата на турнејата.
Македонските љубители на фудбалот ќе имаат шанса да ги следат Престон Лајонс на пријателски натпревари во Охрид, Битола и Скопје. Потврдени се средбите со најпознатите домашни клубови – Вардар и Пелистер, што ќе претставува вистинска атракција за фудбалските фанови.