ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
По триумфот над актуелниот шампион Наполи (2-1), тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, се обидува да ја стивне еуфоријата околу тимот, подвлекувајќи дека нивниот приоритет останува пласманот во Лигата на шампионите.
Алегри изјави: „Целта е иста – да играме во Лигата на шампионите следната година. Одговорноста секогаш постои кога станува збор за Милан. За пласман ни се потребни уште 64 бодови. Напредуваме чекор по чекор кон целта, без преголем занес, но знаеме и да уживаме во победата“.
Со ова, селекторот на „росонерите“ јасно покажува дека клубот не сака да поттикнува прекумерна еуфорија.