ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Вандерлеј Силва доживеа целосен хаос во својот боксерски деби. Натпреварот во Сао Пауло заврши со дисквалификација, а потоа и со нокаут среде масовна тепачка. ММА легендата и некогашниот противник на Мирко Филиповиќ се натпреваруваше против бразилскиот боксер Аселин Фреитас.
Веќе во првата рунда Силва беше видливо вознемирен, а во втората повторно прими чисти удари. Третата рунда излезе од контрола. Силва нападна на Фреитас и го турна на подот, но судијата не призна нокдаун. До крајот на делницата настана метеж со удари и по звицето.
Во четвртата рунда следуваше завршницата. Силва двапати удри со глава и остана без бодови, а потоа прими силен лев кроше. По уште едно прекршување, судијата му одзеде и трет бод и го дисквалификуваше.
Тогаш дојде до упад на тимовите во рингот. Фабрисио Вердум, Андре Амадо и Тор Силва (син на Вандерлеј Силва) беа на едната страна, додека Фреитас имаше повеќе луѓе. Се разви масовна тепачка, а Силва беше нокаутиран од член на Фреитасовата екипа облечен во смокинг.
Многу бргу се откри кој го нокаутираше Вандерлеј. Се работи за синот на Аселин, Рафаел Фреитас. Наместо деби во боксот да биде обележан со успешното враќање, првиот настап на Вандерлеј Силва во рингот ќе остане запишан како една од најспорните и најнеуспешните епизоди во неговата кариера.