Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Откако синоќа Барселона загуби на домашен терен во Лигата на шампионите од Париз Сен-Жермен, навивачите веднаш го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи.
Поголемиот дел од големите клубови синоќа остварија победи во Лигата на шампионите, исто како и ноќта претходно кога Реал Мадрид, Баерн од Минхен и Челси славеа.
Очигледно најинтересниот натпревар синоќа беше оној меѓу Барселона и ПСЖ, иако домаќините имаа предност, на крајот запишаа пораз.
Барселона беше таа што стигна до предност откако Феран Торес ја искористи асистенцијата на Маркус Рашфорд и го совлада голманот на гостите.
Сепак, малку пред крајот на првото полувреме гостите израмнија, а целосен пресврт направија во последните минути од натпреварот.
По завршувањето на натпреварот еден играч на Барселона се најде под остри критики од страна на навивачите на овој тим.
Станува збор за Дани Олмо, поранешен играч на Динамо од Загреб, кој во минатите години играше одлично, но сега навивачите го претворија во мишеница.
Навивачите не беа задоволни од неговиот настап против Париз Сен-Жермен, а своето незадоволство го искажаа на социјалните мрежи.
„Ставете го Олмо на трансфер листата веднаш. Доста е. И премногу е.“
„Напушти го мојот прекрасен клуб Дани Олмо.“
„Ајде Олмо, не можам повеќе да те бранам.“
„Играчи кој секој месец има една добра партија е Олмо. Промаши уште една сигурна шанса.“
Оваа сезона Дани Олмо одигра девет натпревари во дресот на Барселона и оствари една асистенција во Ла Лига против Валенсија, а неодамна и против Хетафе постигна гол и оствари асистенција.