Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Меѓу тие кои сметаат дека Џек Вилшер нема да добие повеќе шанса во Арсенал е Џејми Реднап.
Тој во последно време имаше многу проблеми со повредите и во намерата да се врати во ритам ова лето замина на позајмица во Бурнмут, меѓутоа многумина сметаат дека тој нема повеќе никогаш да заигра за Арсенал.
Еден таков коментар даде и Реднап.
„Не ја гледам иднината на Вилшер во Арсенал. Мислам дека и тој самиот тоа го сфати.“
На ова имаше коментар и Вилшер кој нема туку така да се откаже.
„Ако тој не ме гледа во Арсенал повторно, тоа е негова работа. Реднап го кажа своето мислење, а јас за тоа воопшто не размислував.“
Вреди да се потсети и дека Џејми Реднап е син на познатиот Хари Реднап, кој по кариерата се одлучи за новинарство.