Чеферин јавно објави кој е најдобриот фудбалер во светот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, е многу активен на семинари низ цела Европа, со цел да го промовира и унапреди фудбалот на Стариот континент.

Словенецот моментално се наоѓа на Фудбалскиот самит во Португалија каде што се дискутира за разни теми поврзани со фудбалот.

Сепак, по пристигнувањето, Чеферин даде изјава која брзо го обиколи целиот континент.

На прашањето на португалските новинари кој според Чеферин е најдобриот фудбалер во светот во моментов, Словенецот не размислуваше долго.

“Нуну Мендеш е моментално најдобриот фудбалер на светот”, како од пушка изјави Чеферин, оставајќи многумина во чудење и продолжи:

„Тој е фантастичен, но неговата позиција не е толку ценета и тоа го ограничува малку. Она што го прави Португалецот е навистина впечатливо”.