Хаос на Кипар: Убиен претседател на контроверзен клуб


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Контроверзниот бизнисмен и претседател на Кармиотиса, клуб од Кипар, Ставрос Демостенус, беше убиен во петокот преку ден во Лимасол по пукање што се случи пред неговата куќа.

Демостенус беше пресретнат од напаѓачи кои излегоа од украдено комбе пред неговата куќа и испукале неколку куршуми. Неговиот син Ставрос се обиде да го одведе во болница, но бизнисменот и претседател на клубот почина на патот кон болницата поради здобиените повреди.

Контроверзниот претседател беше следен од обвинувањата на УЕФА дека учествувал во наместување на натпревари на Кипар. Кармиотиса, клубот на кој беше претседател, се наоѓа во втората лига на Кипар.

Извршителите на овој злочин побегнаа, а патем и го запалија комбето кое беше украдено. Освен што беше претседател, Демостенус беше и агент на некои фудбалери, претежно во својата татковина.