Конечно убави вести и за Икарди!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди игра многу добро во Интер.

    Благодарение на него Интер освои многу поени, а наскоро тој би требало да добие повик во репрезентацијата на Аргентина.

    Иако претходно тренерот Едгардо Бауза одбиваше да го повика во тимот, по се изгледа дека тоа е многу веројатно да се случи овој пат.

    „Икарди знае дека го следам и дека во секој момент може да добие повик. Го гледав натпреварот против Торино, каде што постигна 2 голови. Работите надвор од теренот не ме интересираат, само играта.“

    Икарди одигра само 1 натпревар за Аргентина, а наводно повици не добива бидејќи соиграчите во репрезентацијата не сакаат да го видат во тимот.